Утрински Весник
Спорт

ЕУРО 2024 останува со 24 клуба, нови правила за квалификациите за ЕП и СП

ЕУРО 2024 останува со 24 клуба, нови правила за квалификациите за ЕП и СП
Ss2

УЕФА потврди дека Европското првенство во фудбал во Германија во 2024 година ќе остане турнир со 24 репрезентации, отфрлувајќи ја идејата за 32 учесници и потврдувајќи промени само во Лигата на нации и во форматот на квалификации за СП и ЕП.

dobivaj vesti na viber

Лигата на нации од септември 2024 ќе има поинаков формат, односно ќе се додаде нова нокаут фаза, која ќе се игра во март со цел да се направи „континуитет“ помеѓу крајот на групната фаза во ноември и полуфиналето и финлето во јуни. Победниците и второпласираните во Лига А ќе играат четврт-финалиња, по што победниците ќе влезат на фајнал фор турнирот. Третопласираните во Лига А и второпласираните во Лига Б ќе играат плејоф, исто како и третопласираните во Лига Б и второпласираните во Лига Ц.

300x250 (7)

Квалификациите за ЕП и за СП, пак, ќе бидат „консолидирани“ – репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи со четири или пет тима. Групите со пет репрезентации ќе почнуваат со квалификациите во март, или во јуни ако играт во Лигат на нации, додека групите со четири репрезентации ќе почнуваат во септември.

Ss1

Можете да прочитате

Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“