Утрински Весник
Скопје

Во понеделник Општина Центар ќе врши вонредна дератизација

E3ec4774 193a 4386 998f 0c8c7034486d.jpeg

Општина Центар информира дека редовно врши дератизација и дезинсекција на подрачјето на целата општина, со цел заштита на здравјето на граѓаните и превенција од заразни болести.

Од почетокот на годината Општината спроведе редовна пролетна дератизација на целата своја територија, како и две вонредни акции на локации каде што беше забележано зголемено присуство на глодари. Новата вонредна дератизација ќе се спроведе во понеделник, а од октомври ќе следува и редовната есенска дератизација.


Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека општинските служби континуирано ја следат состојбата и реагираат таму каде што има потреба, но дека проблемот не може да се реши само со дератизација.

„Последната вонредна дератизација ја спроведовме пред само еден месец, а во понеделник повторно излегуваме на терен. Редовно преземаме мерки, но мора да се отстранат и причините што создаваат услови за појава на глодари. Нередовното чистење на контејнерите и натрупувањето отпад се сериозен проблем. Граѓаните мора редовно да ги одржуваат дворовите, подрумите и заедничките простории во станбените објекти и да не оставаат отпад на несоодветни места. Само со заедничка грижа можеме да имаме чист и безбеден Центар”, рече Герасимовски.

При дератизацијата се третираат шахти, простори околу контејнерите и други ризични точки каде што е забележано или пријавено зголемено присуство на глодари.

Општина Центар продолжува со засилено следење на состојбата на терен.

Можете да прочитате

Карпош одбележа 50 години постоење со традиционалните спортски игри за пензионери

Меџити: Новиот базен во училиштето „7 Март”, инвестиција од околу 1 милион евра за децата од Чаир

Герасимовски: Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар