Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против овластено службено лице во СВР Скопје за „загрозување на сигурноста“ и „неизвршување судска одлука“

16868364586 Tipa Na Aplikacii Poradi Koi Vashiot Android Telefon Raboti Pobavno 1 1280x .jpg

СВР Скопје – Единица за насилен криминал – Одделение за семејно насилство поднесе кривична пријава против З.Ц. од Скопје, овластено службено лице во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста” по член 144  и „неизвршување судска одлука” по член 377 од Кривичниот закон.

Имено, од Основниот граѓански суд со решение на З.Ц. му биле изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство на неговите малолетни деца во траење од 12 и три месеци со забрана да врши психичко насилство врз неговите малолетни деца и да ги инволвира во постапките кои родителите ги водат пред надлежните институции. 

Но, и покрај мерките, З.Ц. преку телефон и на социјална мрежа остварил контакт со едното малолетно дете и влијаел на градење на негативен став за мајката со цел дасе обиде да ѝ го одземе старателството и воедно го инволвирал во постапка пред надлежна институција. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, заради постапување спротивно на член 26 став 1 и 2 од Етичкиот кодекс за однесување на работниците во МВР, поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 и 20 од Колективниот договор на МВР.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница