Утрински Весник
Балкан

Најмалку 15 загинати во Истанбул во пожар во ноќен клуб

322148.jpg

Петнаесет лица загинаа, а осум други се повредени во пожар во ноќен клуб во центарот на Истанбул за време на дневните поправки, изјави градоначалникот на градот Екрем Имамоглу.

Седум од осумте повредени се во критична состојба, рече Имамоглу, додавајќи дека пожарот е изгаснат и дека повредените се згрижени во блиските болници.

Покрената е истрага за инцидентот, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот на градот.

Причината за пожарот се уште се истражува, а тој избувнал во авенијата Јилдиз Поста.

Можете да прочитате

Вучиќ ќе поднесе оставка на 27 септември за да се вклучи во изборната кампања, в.д. претседател ќе биде Ана Брнабиќ

Aвтобус со ученици кои се враќале од екскурзија удрил во карпа во Црна Гора

Вучиќ: „Обединета Србија“ е единствената што суштински е против тоталитаризмот, бидејќи Студентска листа се заведени браќа и сестри