Утрински Весник
Македонија

Безживотно тело пронајдено на Шар Планина – интервенирал хеликоптер

Img 4475.jpeg

Безживотно тело е пронајдено денеска на Шар Планина, на над 2.500 метри надморска височина, по што било пренесено со хеликоптер, информираат од СВР Тетово.

Според полициските информации, околу 14:30 часот граѓани пријавиле дека на високите делови на Шар Планина било забележано безживотно тело.


По преземените активности, телото било пронајдено на над 2.500 метри надморска височина.

„Околу 17:30 часот од подрачјето на Шар Планина со хеликоптер е пренесено безживотно тело, пронајдено на над 2.500 метри надморска височина“, информираат од полицијата.

Од СВР Тетово засега не соопштуваат повеќе детали за идентитетот на починатото лице, ниту за околностите под кои настапила смртта. Повеќе информации се најавени во текот на утрешниот ден.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за планинар-алпинист на возраст од околу 70 години од тетовското село Џепчиште, но оваа информација засега не е официјално потврдена од полицијата.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на турската Црвена полумесечина

Марш, „Непокор.Борба.Иднина„ на СДСМ во Прилеп – 85 години антифашизам

Церемонија на менување на државното знаме во претседателскиот кабинет пред најмлади посетители