Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Инвестираме во образованието и науката – лабораторијата на штипскиот Универзитет опремена со најсовремен микроскоп

Ковачевски: Инвестираме во образованието и науката – лабораторијата на штипскиот Универзитет опремена со најсовремен микроскоп

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за образование и наука, Јетон Шаќири денеска го посети Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде беше во обиколка на оваа високообразовна институција.

dobivaj vesti na viber

Премиерот ги посети двете лаборатории на универзитетот, како и реконструираниот амфитеатар во рамките на објектот, а беше во посета и на спомен собата на Гоце Делчев, во Ректоратот на Универзитетот.

Една од лабораториите наречена АМБИКОН, која функционира две децении, преку проект поддржан од Министерството за образование и наука се модернизира со нова напредна опрема за земање на примероци од аеросоли во амбиентен воздух и издувни гасови, како и нивна детална анализа со нова генерација на електронски микроскоп со ултра висока резолуција.

„Преку поддршката за модернизација на лабораторијата АМБИКОН на Универзитетот „Гоце Делчев“, која се издвојува со својот научно-истражувачки потенцијал во национални меѓутоа и меѓународни рамки, како Влада, ја истакнуваме нашата заложба за поддршка на проектите и инвестициите од областа на науката. Лабораторијата располага со опрема која е наменета за контрола на квалитативните и квантитативните параметри на амбиенталниот воздух во реални услови и реално време, како и на утврдување на нивото на персонална експозиција на одделни штетности. Со новата опрема, лабораторијата АМБИКОН се осовременува и надополнува, а со тоа и се зголемуваат нејзините можности и опсегот на мерењата за кои е специјализирана, што е уште една предност, покрај тоа што ќе нуди збогатување на знаењата на студентите и општата јавност. Лабораторијата АМБИКОН е една од најсовремените и најопремени лаборатории во целиот регион и среќен сум што нашите професори практично обучуваат научници, студенти меѓутоа и институции од околните држави”, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека оваа лабораторија има можности и за надоградување, веќе разговаравме и со ректорот и со професор Боев во однос на можностите за финансирање или идно надоградување во иднина ќе направиме се за нејзината опременост да се зголеми и со тоа да се прошири опсегот на квантитативните и квалитативните истражувања кои може да ги прави во други области кои исто така ќе ја зголемат можноста, но и престижот и на лабораторијата и на факултетот и на целиот универзитет и на нашата држава. Образованието не може и не треба да се сведе само на она што ние како лекција ќе им го пружиме на младите во текот на образованието, туку и вредностите кои им ги пренесуваме.

„Како Влада, освен што инвестиравме во зајакнување на техничките капацитети во образованието, вложуваме и во квалитетот на образованието. Сето ова го правиме бидејќи веруваме во капацитетот кој младите луѓе го носат со себе. Тие се движечка сила на општеството. Затоа, ќе направиме се за да можеме да создадеме поволен амбиент за развој на научно-истражувачките можности за младите генерации“, истакна Ковачевски.

Можете да прочитате

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: УТРЕ (НЕДЕЛА) ОЧЕКУВАЈТЕ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – Температурите позначително ќе опаднат

Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани