
На 02.11.2026 околу 10:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го приведоа М.З.(50) од село Пчиња, кумановско.
Тој бил забележан пред банка на улица „Иво Лола Рибар” во Куманово при извршување на кривично дело „затајување”, односно на оштетените граѓани им нудел помош за да им извади пари од банкомат, но искористувајќи го нивното невнимание тој земал дел од парите. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

