Утрински Весник
Спорт

Кои освен Халанд се совршените „десетки“ на „Л’Екип“?

Кои освен Халанд се совршените „десетки“ на „Л’Екип“?
Ss2

До некои работи во фудбалот се стигнува многу тешко. Трофеј од Лигата на шампионите, титула од Светските првенства, рекорди по постигнати голови… И, совршена „десетка“ од „Л’Екип“.

dobivaj vesti na viber

Славниот француски спортски весник е познат по својата строгост при оценувањето, но и тие беа без зборови за Ерлинг Халанд, откако тој во помалку од цел час постигна пет гола за 7:0 победа на Манчестер сити над РБ Лајпциг во Лигата на шампионите. Со ова тој вторпат во кариерата стигна до „десетка“. Кои се другите?

Ss1

ФРАНК СОЗЕ И БРУНО МАРТИНИ, ФРАНЦИЈА У-21 – ГРЦИЈА У-21, 1988
Први со „десетки“ беа француските таенти Созз и Мартини. По ремито без голови на гости во финалето на ЕП до 21 година, „триколорите“ ја пречекаа Грција за победа. Созе постигна два гола, а Мартини имаше серија одбрани за да се заддржи предноста.

ОЛЕГ САЛЕНКО, РУСИЈА-КАМЕРУН 6:1, 1994
Олег Саленко останува единствен фудбалер кој постигнал пет гола во еден меч на Светските првенства, предводејќи ја Русија до 6:1 победа над Камерун. И покрај ова, Русија не ја мина групната фаза.

ЛАРС ВИНДФЕЛД, АРХУС-НАНТ 1:0, 1997
Кога Архус го доби францускиот Нант во првото коло на УЕФА купот во 1997/98, малкумина му даваа шанси на данскиот клуб. Но, по 2:2 ремито во Данска, Архус стигна до 1:0 победа со голот на Торбен Пихник, но херој беше голманот Ларс Виндфелд, кој имаше серија одбрани за да ја заслужи „десетката“.

ЛИОНЕЛ МЕСИ, БАРСЕЛОНА-АРСЕНАЛ 4:1, 2010
По пауза од неверојатни 13 години, „Л’Екип“ пак подели десетка, овојпат за едно младо момче од Аргентина. Барса одигра 2:2 на првиот меч на гости во Лондон пред големата победа.

ЛИОНЕЛ МЕСИ, БАРСЕЛОНА-БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН 7:1, 2012
Овојпат Меси постигна рекордни пет гола на еден меч, нешто што Ерлинг Халанд го израмни вчера против Лајпциг.

РОБЕРТ ЛЕВАНДОВСКИ, БОРУСИЈА ДОРТМУНД-РЕАЛ МАДРИД 4:1, 2013
Полуфиналето на ЛШ во 2013 година, помеѓу Борусија и Реал помина во знакот на Леевандовски, кој постигна четири гола на „Сигнал Идуна Парк“.

КАРЛОС ЕДУАРДО, ГЕНГАМ-НИЦА 2:7, 2014
Карлос Едуардо постигна 10 гола за Ница во сезоната 2014/15 во француската Лига 1, од кои половина против Генгам на овој меч.

НЕЈМАР, ПАРИ СЕН-ЖЕРМЕН-ДИЖОН 8:0, 2018
По пауза од четири години, нова десетка во француската лига, овојпат на многу попознато име, Нејмар, кој постигна четири од осумте гола во понижувачката победа.

ДУШАН ТАДИЌ, РЕАЛ МАДРИД-АЈАКС 1:4, 2019
Губејќи 2:1 пред овој меч во Лигата на шампиони, Ајакс стигна до неверојатна 4:1 победа на „Сантијаго Бернабеу“, со Србинот Душан Тадиќ како клучен играч во мечот. Тој постигна еден гол и асистираше двапати за тимот на Ерик Тен Хаг.

ЛУКАС МОУРА, АЈАКС-ТОТЕНХЕМ 2:3, 2019
Истата сезона, Ајакс не успеа да стигне до финалето на ЛШ, откако налетаа на расположениот Лукас Моура. Бразилецот постигна два брзи гола за да ги врати Тотенхем на 2:2, за во последните секунди од мечот да го комплетира хет-трикот за финале. Тотенхем потоа ќе го загубат финалето од Ливерпул.

СЕРЖ ГНАБРИ, БАЕРН МИНХЕН-ТОТЕНХЕМ 7:2, 2019
Серж Гнабри, како поранешен играч на Арсенал, беше посебно мотивиран против Тотенхем, постигнувајќи хет-трик и додавајќи една асистенција за неверојатен триумф.

КИЛИЈАН МБАПЕ, ФРАНЦИЈА-КАЗАХСТАН 8:0, 2021
Од сите фантастични мечеви на Килијан Мбапе, за „Л’Екип“ ова беше единствен пат што тој заслужил „десетка“. Иако противникот можеби не е на нивото кое би се посакувало, но Мбапе стана првиот кој дал четири гола за Франција во еден меч за историски подвиг.

АЛБАН ЛАФОН, НАНТ-ПАРИ СЕН-ЖЕРМЕН 3:1, 2022
ПСЖ ретко губат во Лига 1, така што тоа заслужува нешто посеебно. Голманот Лафон беше еден од најзаслужните што „канаринците“ го заддржаа 3:0 водството од првото полувреме.

ЕРЛИНГ ХАЛАНД, МАНЧЕСТЕР СИТИ-МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 6:3, 2022
Првата „десетка“ норвешкиот голгетер ја заслужи по едностраното дерби на Манчестер. Тој постигна хет-трик (трет домашен во низа), а додаде и една асистенција за луд меч.

ДОМИНИК ЛИВАКОВИЌ, ХРВАТСКА-БРАЗИЛ 1:1, 4:2 ПЕНАЛИ, 2022
Хрватскиот голман ја имаше партијата на неговиот живот во четврт-финалето на СП во Катар, со 11 одбрани во 120 минути против Бразил, по што на пенали го одбрани обидот на Рориго за да обезбеди полуфинале за „коцкестите“.

ЕРЛИНГ ХАЛАНД, МАНЧЕСТЕР СИТИ-РБ ЛАЈПЦИГ 7:0, 2023
Халанд го постигна својот петти хет-трик во 2022/23, со петте гола против РБ Лајпциг, иако беше повлечен од игра по неполн час игра.

Ss1

Можете да прочитате

Од следната сезона натпреварите од Ла Лига ќе се играат во САД

Енцо Фернандез ја заврши сезоната, мора да оди на операција на препоните

Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та