Утрински Весник
Македонија

Нема пронајдени починати средношколци во Градски парк, тврди МВР по вестите на социјалните мрежи

МВР: Лажни се дојавите за бомби
300x250 (7)

МВР најостро ги демантира лажните вести во врска со наводно пронајдени починати средношколци во Градскиот парк во Скопје, поради употреба на дрога, кои се шират по социјалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„ Имено, овие лажни вести започнаа оркестрирано да се шират на социјалните медиуми во изминативе неколку дена, при што заедничката шпекулација за сите е дека група средношколци наводно починале од употреба на дрога во скопскиот Градски парк, а низ објавите се разликува само бројката на лица кои биле во групата, која варира од 3 па сѐ до 9, како и периодот на наводно случување на наводниот настан – од викендов, па сѐ до денеска (15.03.2023)“ се вели во реакцијата од Министерството за внатрешни работи.

Ss1

Од МВР додаваат дека се работи за лаги, бидејќи, како што појаснуваат, пријава за таков настан не постои.

„ Очигледна е целта на овие пласирани лажни вести – да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните, во случајов кај младите и нивните родители, да нанесат штета на институциите и недоверба кон нив. Воедно, им благодариме на медиумите кои не подлегнуваат на ваквите лажни вести и информациите ги проверуваат во надлежните институции“ се додава во реакцијата.

Инаку вестите што се шират деновиве по социјалните мрежи предизвикаа паника во јавноста. Веќе трет ден трае вознемиреноста по случајот со починатото 18-годишно момче, кое беше пронајдено мртво на плочник пред зграда во Центар.

Момчето било ученик во скопската гимназија „Георги Димитров“, а меѓу соучениците, пак, кружи стравотна приказна дека бил отруен во кафуле, каде што му била ставена дрога во пијалак. Случајот во јавност го објави пензионираната професорка од Филозофскиот факултет, Виолета Ачкоска.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула