Утрински Весник
Македонија

Кичевски: Арсовска никако да го реши хаосот со градскиот превоз

(Видео) Кичевски: Наместо за тендери во Скопје, Мицкоски и ДПМНЕ да го решат хаосот што го создадоа

Повеќе од една и пол година ВМРО-ДПМНЕ ја има власта во Скопје и тоа е една и пол година на пропаѓање на градот на секое поле. Хаосот со јавниот превоз се уште трае а Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ не прават ништо за да го решат тој проблем.
Автобуските линии и натаму не се редовни, има постојана гужва во автобусите на ЈСП кои и често се расипуваат, рече на денешната прес конференција Васко Кичевски, претседател на градска организација на СДСМ – Скопје.
-Граѓаните плаќаат пенали кон ЕБОР за проектот Бас рапид транзит, а Арсовска не само што не го реализира туку не го реализира ниту ветувањето за нови 250 еколошки автобуси. Не се реализираат наследените проекти како реконструкцијата на Универзална сала и мостот на АСНОМ, а со невидено споро темпо се реализира изградбата на клучката кај Момин поток и пробивањето на Есенинова. Јавните градски претпријатија едвај функционираат затоа што Арсовска постојано ги менува директорите, градот е нечист, запустен, без перспектива. Исто е и во скопските општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ, рече Кичевски и додаде дека нема реализација на ветените проекти, но затоа има бетонизација на зелени површини, партизација на администрацијата, задолжувања и лоши услуги за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

Можете да прочитате

Малолетник на мотор настрада во сообраќајка во Струмица

Средба на Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД, Никол Варнес

Цело МВР два дена е без здравствено осигурување