Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Давор Мацура директно ги има купено акциите од сватот на Али Ахмети!

Vredi vlen.jpg

Прес-конференција на ВЛЕН:

Почитувани претставници на медиумите, почитувани граѓани,


Давор Мацура ги купува акциите за влез на Алта Банка од сватот на Али Ахмети.

Откако јавноста виде како на 9 јуни 2025 година фирма поврзана со сватот на Али Ахмети добила 5 милиони евра кредит директно од централата на „Алта банка” во Белград, а од Зајас сè уште владее молк, денес го објавуваме вториот дел од оваа милионска банкарска шема.

Денес ги изнесуваме фактите за тоа како контроверзниот српски тајкун Давор Мацура, кој сега е во притвор во Србија, ја презел контролата врз Стопанска банка Битола (подоцна преименувана во Алта банка Македонија) купувајќи ги акциите директно од семејната компанија на сватот на Али Ахмети!

Еве како се затвора овој скандалозен финансиски круг:
Претходно, во октомври 2024 година, кичевската компанија „АС Сењак” на Селаудин Арифи, сватот на Али Ахмети, нагло влегува во банкарскиот бизнис и купува значаен пакет акции во Стопанска банка Битола. Во јуни 2025 година, нивната поврзана фирма ги зема петте милиони евра кредит од „Алта банка” во Белград.

И само три месеци подоцна, на 17 септември 2025 година, се случува финалниот чин: компанијата „АС Сењак” на сватот на Ахмети официјално му ги продава своите акции во битолската банка токму на Давор Мацура и неговата „Алта банка”, со што му овозможува директно преземање на банката во Македонија!

Почитувани граѓани, шемата на релација Зајас – Кичево – Белград е кристално јасна:
* Во јуни, семејната бизнис-мрежа на Ахмети зема 5 милиони евра кредит од Мацура од Белград.
* Во септември, сватот на Ахмети преку „АС Сењак” му ги продава акциите на истиот тој Мацура за да влезе во „Алта банка Македонија” и инкасира милиони!

Затоа денес директно прашуваме:
* Дали со кредитот од 5 милиони евра од Белград, преку компаниите на семејството на Али Ахмети, Давор Мацура всушност со сопствени пари си го финансирал влегувањето на пазарот во Македонија?
* Дали продажбата на акциите на 17 септември 2025 година од страна на сватот на Ахмети била однапред договорена компензација за затворање на милионскиот кредит од јуни?
* И најважното: колкава е чистата заработка, разликата во цена и провизијата што останала на сметките на семејниот бизнис-круг на Али Ахмети и неговите внуци за да му ја завршат оваа работа на Давор Мацура во Македонија?

Сега на секој граѓанин му е јасно зошто поранешните функционери на ДУИ Фатмир Бесими, Бујар Османи и Артан Груби толку агресивно го туркаа влезот на „Алта банка” во македонскиот финансиски сектор. Додека тие политички го расчистуваа теренот во државните институции, сватот на Али Ахмети му ги чуваше и препродаваше акциите на Давор Мацура!

Јавното обвинителство и Управата за финансиско разузнавање повеќе немаат никаков изговор за чекање. Бараме итна истрага која ќе ги вкрсти кредитот од 5 милиони евра од 9 јуни 2025 и продажбата на акциите од 17 септември 2025 година.

Македонскиот банкарски систем не смее да биде плен на притворени регионални тајкуни и на семејниот бизнис-картел на Али Ахмети. Времето на неказнивост заврши и за овие милионски трансакции мора да има целосна финансиска и кривична одговорност!

Можете да прочитате

Чилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!

Ужас во Сарај: Малолетник цела ноќ држел две малолетнички заклучени во автомобил

Левица: Уште еден поранешен функционер под истрага надвор од границите на Македонија – Ден Дончев ја разобличува „борбата против криминалот” на ДПМНЕ