Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со ситни игранки власта не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Sdsm.webp.webp

Соопштение за јавност на СДСМ:

Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.


Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања.

Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања.

Не беше поставено ниту едно прашање.

Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината.

Паниката е огромна. 

Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна.

А потоа следува и одговорност.

Можете да прочитате

СДСМ: Со ситни игранки власта не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

УХМР најавува силен ветер и дожд – температурите ќе паднат од сабота

Бремена жена со хематоми по телото пријавила насилство од партнерот во кратовско – наводно ја принудувал и на полови дејствија