Утрински Весник
Македонија

Казнети 188 возачи во Скопје, 18 за брзо возење

36 санкции за непропуштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.11.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

На територија на град Скопје изречени се вкупно 188 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, три мерки за возење под дејство на алкохол, 11 санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за нерегистрирани возила…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Можете да прочитате

ЛДП: Формирање на семејни центри за врсничко насилство во секоја општина

Левица до Мицкоски: Сиромаштијата е борба за гол живот, а не чувство!

Одреден притвор за жената која наплаќаше влезници и напаѓаше туристи на локалитетот „Куклица“