Утрински Весник
Македонија

Кристи Мекормик предложена за амбасадорка на САД во Македонија

Img 7532.jpeg

Американскиот претседател Доналд Трамп ја номинира Кристи Мекормик од Калифорнија за амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. Белата куќа соопшти дека номинацијата на 9 ноември е доставена до американскиот Сенат, кој треба да ја потврди. 

Мекормик е правничка со долгогодишно искуство во областа на изборите и заштитата на избирачкото право. Во декември 2014 година, американскиот Сенат едногласно ја потврдил за членка на федералната Комисија за изборна помош, каде што работела до јули 2026 година. 


Пред да се приклучи на Комисијата, Мекормик работела во Одделот за граѓански права при американското Министерство за правда, каде што водела судски постапки за дискриминација при остварувањето на правото на глас. Од 2009 до 2010 година била виша правна советничка во Амбасадата на САД во Багдад, каде што како изборна експертка го следела спроведувањето на националните избори во Ирак, вклучително и повторното пребројување на гласовите. Правното образование го завршила со почести на Универзитетот „Џорџ Мејсон“. 

Мекормик е предложена за вонредна и ополномоштена амбасадорка во Скопје во пакетот номинации што вклучува и кандидати за американски амбасадори во Пакистан, Обединетите Арапски Емирати, Бурунди, Сенегал, Гвинеја-Бисау и Мали. 

Можете да прочитате

ЛДП: 15.000 граѓани реагираа – Продолжуваме да се потпишуваме за да знаат дека нѐ има многу

ЦУК: Нема повредени лица при запалените куќи на Бит-пазар, полицајци сѐ уште присутни на лице место

Измените на Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани