Утрински Весник
Свет

Иран и Пакистан свикаа состанок на муслиманските земји поради убиството на Ханија

20240806093928 Big 730x400 32.webp.webp

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на министрите за надворешни работи на членките на Организацијата за исламска соработка (ОИС), кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Средбата е свикана поради убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран.

Состанокот, кој ќе се одржи во крајбрежниот град Џеда, „ќе се фокусира на злосторствата на израелската окупација и атентатот на Ханија“, соопшти ОИС, со седиште во Саудиска Арабија.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран побарал состанок заедно со Пакистан. ОИС, кој има 57 исламски членки, се претставува како глас на муслиманскиот свет. За разлика од Арапската лига, ОИС вклучува и влијателни неарапски држави, како Иран, Пакистан и Турција.

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови