Утрински Весник
Свет

„Германија сака да ја формира најсилната армија во Европа“

„Германија сака да ја формира најсилната армија во Европа“

Германските власти сакаат Бундесверот да стане најсилната армија во Европската унија, изјави Борис Писториус, новиот шеф на германското Министерство за одбрана во интервју за „Bild am Sonntag“.

dobivaj vesti na viber

„Германија е најголемата економија во Европа, така што нашата цел треба да биде и создавање на најсилната и најопремената армија во ЕУ“, рече тој.

Оваа задача ќе трае неколку години, објасни министерот, а неговата работа сега е да постави насоки во таа насока, пренесува Спутник.

Одговарајќи на прашањето што му е најпотребно на Бундесверот, Писториус рече:

„Сè треба да оди паралелно: набавка на оружје и опрема, модернизација на касарните, регрутирање на персонал“.

Писториус беше назначен за министер за одбрана на Германија на 17 јануари годинава.

 

Можете да прочитате

Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море