Утрински Весник
Македонија

Ангелов по приведувањето на советникот во ДЗС: Пријавувајте ако ви бараат пари

Stojance angelov 3.jpg

Граѓанин пред неколку дена му пријавил на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, дека вработен во институцијата му побарал 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Ангелов го соопшти ова по денешната полициска акција, во која беше приведен вработен во ДЗС под сомнение за примање поткуп.

Според објавата на Ангелов, станува збор за советник за урбанистичко планирање. Откако граѓанинот му се обратил со поплаката, директорот го упатил веднаш да го пријави случајот во Одделот за организиран криминал при Министерството за внатрешни работи.


Ангелов ја поздрави акцијата на МВР и ги повика граѓаните веднаш да се обратат до надлежните институции доколку се соочат со незаконско постапување од кој било вработен во Дирекцијата.

Директорот им се заблагодари и на вработените во ДЗС кои, како што наведе, чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски.

Можете да прочитате

Во двор во Струмица пронајдени коски што наликуваат на човечки

Кај Пештани пронајдени околу 100 метри рибарски мрежи со 239 риби

ФЕС: Вработени, а сиромашни – граѓаните работат по две,три работи за парче леб