Утрински Весник
Спорт

Унгарците ги победија Зеленортските острови, Словенија убедлива со Црна Гора

Унгарците ги победија Зеленортските острови, Словенија убедлива со Црна Гора
Ss2

Ракометната репрезентација на Унгарија оствари убедлив триумф (42:30) против Зеленортските острови во последниот меч од главната фаза на Светското првенство 2023. Но, сега Унгарците ќе чекаат пораз на Португалија од Шведска за да се протнат во четврт-финалето на Мундијалот.

dobivaj vesti na viber

Триото Бодо, Бока и Роста постигнаа по седум гола за селекцијата на Унгарија, а Ландим беше стрелец на осум погодоци за Зеленортските острови.

Ss1

Словенија со 31:23 славеше против Црна Гора и останува во трка за позициите кои можат да донесат пласман на ЛОИ 2024. Влах со шест гола ги предводеше Словенците на овој меч.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал