
Променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд се очекува денеска, четврток, 19 ноември. Според Управата за хидрометеоролошки работи, пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде што локално се очекуваат над 15 литри на квадратен метар.
Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, кој на места во западните подрачја повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Дневните температури ќе се движат од 15 до 22 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, повремено засилен во делови од котлината.
За утре се најавува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и максимални температури од 17 до 23 степени. Ветерот ќе биде од западен правец, а во западните делови повремено ќе засилува над 70 километри на час.
За викендот се очекува постепено намалување на температурите. Во сабота кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, додека во недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.


