Утрински Весник
Македонија

Герасимовски: Сопствениците ја рушат доградбата на улицата Македонија, нема да толерираме дивоградби

Герасимовски: Сопствениците ја рушат доградбата на улицата Македонија, нема да толерираме дивоградби
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Сопственикот на бутикот „Шејн“ денес почна со отстранување на доградбата на улицата Македонија.

dobivaj vesti na viber

„По реакциите во јавноста, градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изврши надзор на бутикот и му издаде решение за отстранување на доградбата бидејќи за неа не поседува важечко одобрение“, изјави градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски.

По издаденото решение, сопственикот на бутикот од Општината побара дополнителен рок за да ги организира градежните активности, што и го доби и денес, самиот ги отстранува нелегалните елементи.

Општина Центар повторно апелира до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби да постапуваат по издадените решенија за самостојно отстранување на објектите. Во спротивно, Општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.

Можете да прочитате

Кривична пријава за изборен поткуп за екс градоначалникот на Крушево

Тешко повреден рудар од Пробиштип

СДСМ: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината