Утрински Весник
Спорт

Гатузо се договорил со Олимпик Марсеј

Гатузо се договорил со Олимпик Марсеј

Олимпик Марсеј минува низ изклучително тежок период. Поради закани од навивачите по само седум натпревари оставка си поднесе тренерот Марсељино. Се шпекулираше дека во клубот ќе се врати Игор Тудор, кој замина на крајот од сезоната, но медиумите тврдат дека речиси сигурно Марсеј ќе го преземе Џенаро Гатузо (45).

dobivaj vesti na viber

„Гатузо денеска лета за Марсеј за да го потпише договорот“, објави Футмеркато. Информацијата ја потврди и познатиот новинар Фабрицио Романо. Марсеј му понудил работа, а тој прифатил, додаваат споменатите извори.

Гатузо ја започна својата тренерска кариера пред десет години и не може да се пофали со некаков успех. Тој ги водеше Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан, Наполи и Валенсија.

Во клубовите останува кратко, па неговата последна работа во Валенсија траеше само шест месеци. Неговиот единствен трофеј е Купот на Италија со Наполи во 2020 година.

По шест кола во Лига 1, Марсеј е осми во поредокот со девет бода, а викендов овој тим загуби во големо дерби кај Пари Сен Жермен со 4:0.

Foto/ EPA

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига