Утрински Весник
Скопје

Отстранети дивите тезги кај Бит пазар, одземени околу 500 килограми храна

20260929120725 big 730x400 36.webp.webp

Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар.

Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки.


Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки.

Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.

Можете да прочитате

Отстранети 915 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини

Се отстрануваат дивите продавачи на Бит-пазар, овој дел едвај прооден

Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев”, решен долгогодишниот проблем со протекувањето