Утрински Весник
Македонија

За недела-две ќе бидат соопштени заменик-министрите, најави Мицкоски

Vlada.webp.webp

Во текот на следните недела-две ќе биде одлучено за заменик-министрите, соопшти премиерот Христијан Мицкоски откако со реконструкција во јули Владата доби осум нови министри. 

-Јас отприлика имам што, каде и како, така што ќе треба коалициски да седнеме и да го потврдиме тоа и ќе се случи во текот на следните недела-две, рече Мицкоски одговарајќи на ниовинарски прашања по промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ за трета фаза од ревитализација на хидроелектраните.


Во врска со Изборниот законик и дали ги прифаќаат забелешките на опозицијата, премиерот одговори дека првин очекува опозицијата во Собранието консолидирана да излезе со став. 

-Тука мислам, пред сè, на парламентарната опозиција – СДСМ, Левица и Демократската унија за интеграција, нека излезат со став, па тогаш би можеле да коментираме. Вака не можеме да коментираме. Очекувам обединетата опозиција во Македонија – СДСМ, ДУИ и Левица, да излезат со став за да може да дадеме коментар, додаде Мицкоски.

Можете да прочитате

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на структурите и финансиските текови зад трговијата со дрога

Мицкоски: Логично е во присуство на претставници од ЕУ да се преговара со Бугарија затоа што аргументите треба да се слушнат објективно

Акција на АНБ и МВР на 12 локации – еден осомничен за тероризам и поврзаност со ИСИС