Утрински Весник
Македонија

(Фото) Граѓани ја блокираа Пластичарска улица поради исклучена струја

Whatsapp image 2025 12 23 at 15.44.50.jpeg

Група граѓани денеска ја блокираа познатата улица Пластичарска, во близина на булеварот „Никола Карев“, поради исклучување на електричната енергија од страна на ЕВН. Како што информираат извори на 24 Инфо од терен, станува збор за жители од населбата Серава кои спонтано излегле на протест.

Според достапните информации, на собирот се присутни околу 50 до 60 граѓани. Поради блокадата, сообраќајот на булеварот „Никола Карев“ е целосно пренасочен во двата правци, што предизвика застои и отежнато движење во овој дел од градот.

На терен се присутни надлежните служби кои ја следат состојбата и се грижат за безбедноста, како и за регулирање на сообраќајот. Граѓаните својот револт го изразуваат поради, како што велат, ненадејното исклучување на електричната енергија, што им создало сериозни проблеми во секојдневното функционирање.

Засега нема информации за инциденти, а се очекува надлежните институции и ЕВН да излезат со официјален став и појаснување во врска со настанот.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството за кубење коса судат 4 години, а за криминалот во Мазут и жртвите од Модуларната и Ласкарци одговорност ни на повидок

Кос: Очекуваме Северна Македонија да ги вклучи Бугарите во својот устав за да се движи напред кон ЕУ

Мицкоски од САД: Нови можности за инвестиции и продлабочување на стратешкото партнерство