Утрински Весник
Скопје

Нуркачот Бартломиеј Питала – почесен граѓанин на Скопје

Sjko.jpg

Полскиот нуркач Бартломиеј Питала кој достигна рекордна длабочина во подводната пештера „Врело” на Матка и постави светски рекорд е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. На денешната седница на Советот на Град Скопје, градските советници ја прифатија иницијативата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и на нуркачот Питала му го доделија ова почесно признание.

Во рамките на меѓународната експедиција „Врело 2026″, Бартломиеј Питала минатиот месец достигна рекордна длабочина од 338 метри под водата, со што „Врело” на Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Овој подвиг на исклучителна храброст, знаење и посветеност е остварен со поддршка на тим нуркачи од Македонија, Полска и од Италија.


Овој историски успех е огромна можност за развој на туризмот во Скопје и за привлекување поголем број туристи, истражувачи и љубители на природата да го посетат нашиот град и да го откријат природното богатство на Матка.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Мерката за ослободување од комуналии за млади брачни парови е дел од мојата изборна програма 

Герасимовски: Општина Центар со низа активности за превенција од булингот, врсничкото насилство мора навреме да се препознае и спречи

Левица: Град Скопје ја прифати нашата иницијатива младите брачни парови да бидат ослободени од делот на надоместокот за уредување на градежното земјиште