Утрински Весник
Македонија

Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци

Petrushevski 01.11.2026.jpg

Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски – пратеник

Судиите на Филипче и Ахмети повторно во нивна одбрана, судат само по насоки на нивните наредбодавци.


Откако пред само некој месец Ислам Абази го амнестираше Филипче за било каква вина во случајот со модуларните болници, со тоа што не отвори случај за истите, денес Африм Фидани ги ослободи Артан Етеми и Флорин Бесими, поранешни директори на тетовската болница за пожарот во кој загинаа 14 наши сограѓани.

Филипче и Ахмети, двајца ликови кои никој не ги поддржува, кои се во длабока опозиција, единствено што можат да направат, пред да си заминат во политичката историја, е преку своите инсталации во судството да се амнестираат.

Како може да има нула обвинети или осудени за пожар во модуларната болница? Како може да биде крив кабелот? Како може Филипче да не биде повикан ниту на информативен разговор, а Бесими и Етеми да се ослободат? Дали пресудите и обвиненијата во правосудството се бришат доколку сте близок до Филипче или Ахмети?

Случај во кој живи изгореа 14 наши сограѓани, мора да има поинаква судска разрешница. Правда мора да има.

Можете да прочитате

МВР со детали за тепачката меѓу навивачките групи пред „Јане Сандански“, едно лице повредено, едно приведено

Шест возачи приведени, дел од нив пијани, без дозвола или возеле во спротивна насока

Фрчкоски: СДСМ бара истрага и кривична одговорност од Мицкоски и Славески за Алта банка