Утрински Весник
Скопје

Албанска лига до градоначалникот на Бутел: Никој не се плаши од тебе

Fb img 1793622734492.jpg

Соопштение за јавност на Албанска лига:

Вечерашниот напис на градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, беше скандалозна закана упатена кон претседателот на Албанската Лига, Зијадин Села. Индиректно, Костовски се обидува да пренесе заканувачки пораки и насилничка реторика – јазик кој е неприфатлив и недозволив за политичкиот дискурс во земја која претендира да се нарекува демократска.


Сакаме да му ставиме до знаење дека таквите изјави никогаш нема да нè разнишаат од нашите ставови во одбрана на Националната кауза и унапредувањето на позицијата на Албанците во Северна Македонија. Да го кажеме кратко и на албански: Никој не се плаши од тебе, о…

Но, надлежните институции – Јавното обвинителство, МВР и другите органи на редот – треба итно, по службена должност, да реагираат и да ја санкционираат употребениот јазик од страна на Костовски. Ако еден градоначалник се осмелува да се заканува на пратеник и претседател на партија, замислете што се во состојба да направат со обичните граѓани. Ова најдобро зборува за менталитетот на оваа владејачка гарнитура која мора итно да се искорени.

Албанската Лига бара и од дипломатските претставништва во земјата да го евидентираат и осудат овој скандалозен чин на Костовски и на другите како него.

На крај сакаме да му потсетиме на Костовски дека победата на еден албански кандидат во Бутел не е само желба, туку ние ќе работиме и многу брзо ќе стане реалност. А тогаш ќе ви покажеме како се владее праведно, во соживот и без дискриминација.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – за првпат, бесплатни униформи за сите ученици од прва година 

Герасимовски: Нов асфалт на Загребска во Мало Курило,  крај на дупките, поголема безбедност за жителите

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 5 години неработење во Аеродром