Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на средства во КК Куманово 2009

Sud kumanovo.jpg

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Куманово против В.Б., член на Одборот на директори на кошаркарскиот клуб Куманово 2009, поради сомнение за злоупотреба на службената положба.

Според пријавата, тој постапувал спротивно на Законот за спорт и на договорите за донација, носејќи одлука без согласност од Одборот на директори, со која одобрил исплата на парични средства кон себе и уште две лица како бонуси. Средствата биле обезбедени преку донации и спонзорства од Стопанска банка и Цементарница УСЈЕ, како и преку ваучери од Агенцијата за млади и спорт, кои, според закон, не смееле да се користат за вакви исплати.

Со тоа, како што се наведува, на клубот му била нанесена штета од 4.896.000 денари.

Можете да прочитате

Армиските „Скорпии“ го одбележуваат Денот на 2. пешадиски баталјон

СДСМ: Одлуките на меѓународните судови мора да се почитуваат

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3