Утрински Весник
Македонија

Филипче: Скриената подмолна коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ излезе на површина

02.05.2024 Filipche 2.jpeg

На вечерашниот митинг во Струмица, носителот на листата за пратеници на СДСМ и коалиција во Изборната единица четири, Венко Филипче се осврна и на последните случување со партијата ЗНАМ на Максим Димитриевски.

„Она што го најавив прв, а тоа е подмолната скриена коалиција меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ, таа сега излезе на виделина. Јас ги разбирам оние кои биле разочарани и кои сметале дека глас за ЗНАМ не е глас за ВМРО-ДПМНЕ, но сега веќе картите конечно се отворија, сега веќе е јасно дека ЗНАМ е само сателит на ВМРО-ДПМНЕ кој имал за цел да ја разениди СДСМ а потоа да оди во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е проект за ослабнување на СДСМ но најтажно е што ЗНАМ ќе биде искористен еднократно а потоа фрлен на бунуштето. ВМРО-ДПМНЕ ќе го уништи ЗНАМ во најкус рок откако тој политичи ќе му послужи. На ова не научи историјата а таа секогаш се повторува“ порача Филипче.

Филипче ги повика граѓаните да изберат мобилизација и на осми мај да гласаат за бројот еден.

„Ве повикувам, да не се предаваме на апатијата, да избереме мобилизација. Да не дозволиме поделба, да избереме единство. Ова е време да покажеме дека срцето на оваа партија чука силно а тоа срце е секој од вас. Не можеме да одиме напред без вашата поддршка, ниту Македонија може да оди напред без силен СДСМ. Ве повикувам, да им се спротивставите на оние кои се обидуваат да не потценат и уценуваат, да им се спротивставиме на оние кои сакаат да не поделат и кумуваат со нашите противници. СДСМ не смее никогаш да биде потценет а уште помалку уценуван. Глас за СДСМ е глас за напредок и стбаилност за подобра иднина за нашите деца“ истакна Филипче.

Можете да прочитате

Затвореник истепал полицаец во затворот Идризово

Утрински Весник

Израел ќе ја продолжи воената операција во Рафа и покрај наредбата на Меѓународниот суд на правдата да ја прекине

Сиљановска Давкова oд Матарела побарала гаранции за евроинтеграциите