Утрински Весник
Свет

Швајцарија оди на реферндум за забрана на огнометот

Ognomet333.jpg

Швајцарците ќе гласаат за забрана на огномет на референдум на 29 ноември. Предлогот го покренаа организации за заштита на животните и животната средина, а според првичните анкети, има силна поддршка кај граѓаните. Вкупно 69 проценти од испитаниците ја поддржуваат забраната, додека 29 проценти се против неа, објави „Еуроњуз“ .

Иницијативата има за цел да ги заштити животните и луѓето од бучава, загадување на воздухот, повреди и пожари предизвикани од пиротехнички средства. „За домашните миленици, дивите и домашните животни, огнометите не се прослава, туку чист стрес“, вели швајцарската организација за заштита на животните Schweizer Tierschutz STS, која ја поддржува иницијативата.


Анкета спроведена за швајцарската јавна радио и телевизија покажа дека предлогот има мнозинска поддршка кај гласачите од различни политички афилијации. Особено го поддржуваат жените, меѓу кои 76 проценти се за забраната, во споредба со 60 проценти од мажите.

Што точно би било забрането?

Забраната нема да ги опфати сите пиротехнички средства. Предлогот предвидува забрана за продажба и употреба на бучни огномети, додека потивки алтернативи, како што се прскалки и таканаречени вулкани што фрлаат искри, сè уште би биле дозволени.

Швајцарските кантони, или административните единици слични на хрватските окрузи, би можеле да одобрат исклучоци за големи јавни прослави, како што е швајцарскиот национален празник 1 август. Но, дури и тогаш, на поединците нема да им биде дозволено да користат бучни огномети.

Во моментов, кантоните и општините можат самостојно да ја ограничат или забранат продажбата и употребата на огномет. Новата иницијатива би вовела унифицирани правила на државно ниво.

Можете да прочитате

Руски ракети погодија студентски дом и цивилни објекти во Киев: Еден загинат и 15 повредени

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила