Утрински Весник
Македонија

ЛДП со четири итни предлози од ЛДП за борба против канцерот кај жените

Gerila akczija ldp 1.jpg

Соопштение за јавност на ЛДП:

Денеска со симболична герила акција Либерално-демократската партија (ЛДП) алармираше дека раното откривање на канцерот може да спаси живот, но за превенција не се доволни кампањи, празни ветувања и изговори дека нема термини!


„Додека надлежните штедат на здравјето, жените во Македонија се соочуваат со сурова реалност и погубна статистика – според Државниот завод за ревизија, со скрининг-мамографија се опфатени одвај 0,8 до 5,4 проценти од жените, а со скрининг за рак на грлото на матката само 10,3 до 15,5 проценти. Ова не е обична статистика, зад овие бројки стојат човечки животи изгубени во систем без грижа,” изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието на Македонија, Моника Зајкова.

Затоа ЛДП бара итни системски решенија: гарантирани термини за превентивни прегледи, автоматски покани за скрининг, еден платен слободен ден годишно за превенција и преглед на товар на државата во приватното здравство кога јавниот систем не може навреме да обезбеди термин. Болеста не знае да чека и не познава административни бариери.

Дополнително, бараме Министерството за здравство секој месец јавно да објавува колку термини се достапни за мамографија, ехо на дојка и ПАП-тестови, колку граѓани чекаат и колку долго. При секое сомневање за канцер мора да има итна дијагностичка постапка, а не чекање со месеци по коридорите!

Не бараме привилегии, туку здравствен систем во кој навремениот преглед е право, а не среќа, бидејќи држава што штеди на превенција, утре плаќа со човечки животи!

Можете да прочитате

Пријавени 70.185 лица за вакцинација против грип, досега вакцинирани 6.282 лица од ризичните групи

Мојсоска: ДПМНЕ им брои залаци на студентите, а милион евра троши за владини настани

Мицкоски: Со студентите имавме конструктивна средба за студентскиот оброк и полагањето на правосудниот испит