Утрински Весник
Спорт

Ферстапен најбрз на тренинзите во Саудиска Арабија, Алонсо повторно брз!

Ферстапен најбрз на тренинзите во Саудиска Арабија, Алонсо повторно брз!

Актуелниот шампион и победникот од првата трка од новата сезона во Бахреин, Макс Ферстапен уште еднаш ја покажа силата на Ред бул рејсинг, поставувајќи најдобро време на двете тренинг-сесии во Џеда пред Саудиското ГП овој викенд.

dobivaj vesti na viber

Додека во првата утринска сесија, Ферстапен беше побрз од својот колега Серхио Перез, на втората сесија, под рефлектори, Фернандо Алонсо во Астон Мартин успеа да се доближи на 0.208 секунди од Холанѓанецот, за да докаже дека третото место од Бахреин не беше случајност. Трет најбрз со 0.299 секунди заостанување беше Серхио Перез, пред Естебан Окон во Алпин, Џорџ Расел во Мерцедес, Пјер Гасли во вториот Алпин. Топ 10 ги комплетираа Ленс Строл (Астон Мартин), Нико Хилкенберг (Хас) и двојката на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинс.

Ова е лош почеток на викендот на Скудерија, откако претходно беше објавено дека Леклер ќе стартува со казна поради менување на електрониката, а двата болиди ќе имаат нови мотори (без казна). Луис Хамилтон, кој по трката во Бахреин беше бесен на Мерцедес за слабата форма, беше само 11.

 

Можете да прочитате

Дождот направи хаос, Норис пред Хамилтон и Алонсо на пол-позицијата за спринт-трката во Шангај

Мбапе заминува од ПСЖ за четири пати помала плата

Алонсо со критики кон тимот и покрај крајниот успех против Вест Хем