Утрински Весник
Свет

Најмалку 30 мртви во армиски напад врз училиште во Мјанмар

3322336.webp.webp

Најмалку 30 лица беа убиени во напад на армијата на Мјанмар врз училиште во село под контрола на бунтовниците во централната област Магвај, изјавија денеска сведоци и претставници на опозицијата.

Според нивните изјави, убиени се и едно бебе и неколку ученици, објавуваат британските медиуми.


Нападот се случил пред два дена, една недела откако Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Мјанмар извршил геноцид врз малцинството Рохинџа во 2017 година.

Во нападот во четвртокот околу 15 часот по локално време за време на верска церемонија биле погодени училиште и манастирски комплекс во општината Синбаунгве, се наведува во заедничката изјава на Владата на национално единство (NUG) и Привремената федерална администрација за регионот Магвај – бунтовничка локална самоуправа која е на страната на опозициските сили.

Според соопштението, во нападот биле употребени четири авионски бомби, 12 артилериски гранати и седум самоубиствени беспилотни летала.

Портпаролот на НУГ, Неи Вон Лат, и локален сведок потврдија дека покрај девет бунтовници, во нападот загинале и повеќе од 20 цивили, вклучувајќи жени и деца.

Локален сведок изјави дека во времето на бомбардирањето немало активни конфликти во областа и додаде дека бунтовничките борци минувале низ селото само повремено.

Провоените канали на Телеграм тврдат дека нападот бил насочен кон церемонија по повод завршување на обуката и собирањето на бунтовничките сили.

Според евиденцијата што ја води НУГ, од 1 февруари 2021 година до крајот на октомври 2026 година, војската на Мјанмар извршила 15.327 воздушни напади во 6.653 одделни инциденти, при што загинале 6.467 цивили и оштетени се 562 училишта и 848 верски објекти.

НУГ и локалните привремени власти го осудија она што го опишаа како „неиспровоциран напад“, наведувајќи дека станува збор за воено злосторство и кршење на Женевската конвенција.

Можете да прочитате

Германски „Рајнметал“ размислува да се откаже од фабриката за гранати во Украина

Меѓународниот суд за поморско право го одби барањето на Аргентина за запирање на дупчењата кај Фолкландските Острови

Украина подготвува нови напади врз Кримскиот мост