Утрински Весник
Свет

Борел за налогот за апсење: Путин сноси индивидуална одговорност за овие злосторства

Борел и министрите за надворешни: Талибанците да ја откажат одлуката за забрана на жените да работат во невладини организации

Европската унија секогаш става јасно до знаење дека одговорните за незаконската агресија врз Украина мора да бидат изведени пред лицето на правдата, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешни политика и безбедност Жозеп Борел. Тој вечерва го коментираше  издадениот налог на Меѓународниот кривичен суд за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

– Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на претседателот Путин за воени злосторства, за депортација и трансфер на деца од окупираните области на Украина во Русија. Меѓународниот кривичен суд наведува дека постојат разумни основи да се верува дека Путин сноси индивидуална одговорност за овие злосторства. Ова е важна одлука на меѓународната правда и за народот на Украина, истакна Борел по средбата со претседателот Стево Пендаровски во вила „Водно“.

Министерството за надворешни работи на Украина денеска преку своја објава на Фејсбук соопшти дека Меѓународниот кривичен суд издал налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка во Канцеларијата на претседателот на Русија за правата на децата.

Можете да прочитате

Во Јапонија минатата година регистрирани рекордни 122.806 случаи на злоставување деца

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Руски воени бродови навлегоа во Црвеното Море