Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Вреди го потврди она што постојано го тврдиме – Законот за употреба на јазиците овозможува полагање стручни испити на албански јазик

Dui 1 750x430 1.jpeg

Соопштение на ДУИ:

Полупретседателот на Вреди, на денешната прес-конференција, го призна срамот и го потврди токму она што Демократската унија за интеграција постојано го истакнува: Законот за употреба на јазиците е јасен и овозможува полагање стручни испити на албански јазик.


Ако денес се полагаат стручни испити на албански јазик, токму врз основа на Законот за употреба на јазиците и Амандманот V на Уставот, со кој албанскиот јазик е утврден како службен јазик, тогаш се поставува едно едноставно прашање: зошто истата законска и уставна основа да не важи и за правосудниот испит и за другите државни испити?

Денес уште еднаш се докажа дека албанскиот јазик има јасна законска и уставна основа за остварување на ова право. Проблемот не е во отсуството на закон, туку во недостигот на волја и капацитет кај оваа владејачка гарнитура, која без политички легитимитет не успева ниту да го спроведе законот.

Ова јасно го констатираше и Инспекторатот за употреба на јазиците, нагласувајќи дека Законот за употреба на јазиците го регулира ова прашање и дека неговите одредби мора да се применуваат.

Значи, нашиот став е јасен: Законот постои, законот го гарантира правото и тој обврзува. Должност на Владата и институциите е да го спроведуваат законот. Доколку не го спроведувате, ќе сносите правна и национална одговорност. Оваа последната ќе ве следи до крајот на животот.

Можете да прочитате

Уапсени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, осум возеле без положен возачки испит 

Таткото и ќерките со кравите добија кривична пријава за „тешка телесна повреда“

Започнаа јавните расправи за новиот Кривичен законик – построги казни за корупција и злоупотреби, до 15 години затвор