Утрински Весник
Спорт

Палестинско знаме и судир со полицијата на трибините, мечот Бешикташ – Хапоел прекинат

Img 9119.jpeg

Натпреварот меѓу турски Бешикташ и израелски Хапоел Бер Шева во Лига Европа беше прекинат во 26. минута откако грузиската полиција влезе на трибините и се судри со навивачите на турскиот клуб. Инцидентот се случи во Батуми, Грузија, откако навивачите развија палестинско знаме и истакнаа транспарент во поддршка на Палестинците. 

Турските медиуми „Хабертурк“ и НТВ објавија дека полицијата употребила бибер-спреј, а на снимките од трибините се гледа како еден навивач е изнесен на носилка, пренесе Ројтерс. Данскиот судија Мортен Крог ја прекина играта при резултат 0:0. Натпреварот продолжи по околу 30 минути, а Бешикташ победи со 2:1. 


Бешикташ ги обвини грузиските безбедносни сили дека употребиле несразмерна сила врз неговите навивачи пред и за време на натпреварот. Реагираше и Турската фудбалска федерација, која најави дека ќе побара истрага за постапувањето кон навивачите. 

УЕФА го премести натпреварот на неутрален терен во Батуми откако турските власти соопштија дека Истанбул не може да биде домаќин од безбедносни причини. 

Можете да прочитате

Арсими последен четвртфиналист во Куп натпреварувањето

Верстапен победи на трката за Големата награда на Лас Вегас

Поранешниот претседател на Јапонската фудбалска федерација, Ташима, поднесе кандидатура за претседателските избори на ФИФА