Утрински Весник
Македонија

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар (ФОТО)

Fb Img 1736868637004.jpg

Црковниот одбор на манастирот „Свето Преображение Христово“ во населбата Циглана во Гостивар, информира за немил настан што се случил ноќеска, на 14 јануари 2025 година по одбележувањето на Православна Нова година.

„Ја известуваме јавноста дека на 14 јануари 2025 година, околу 2:30 часот по полноќ, лице од Циглана беше затекнато и фатено на лице место, како неовластено зема пари од црковната каса во манастирот. Црковниот одбор остро го осудува овој чин и апелира за поголема свест и почитување на црковниот имот“ рекоа од Одборот за Gostivarpress.mk.


Одборот нагласува дека ќе преземе дополнителни мерки за заштита на манастирот и црковните добра, со цел спречување на слични инциденти во иднина. Истовремено, упатува апел до сите верници и жители на населбата за одговорност и заеднички напори во зачувување на светиот простор.

Можете да прочитате

Следната седмица ни доаѓа нагло затоплување, потоа и локално невреме

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните