Утрински Весник
Македонија

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива

Carina.webp.webp

Царинската управа со експерти од Хрватска, активно работи на изготвување на новите царински подзаконски акти за спроведување на новиот Царински закон, чија суштина е подобрување на условите за водење бизнис и побрза интеграција во единствениот пазар на ЕУ, преку создавање на целосно дигитално царинско работење и целосна усогласеност со системите што се користат во ЕУ.

Директорот Бобан Николовски со својот тим денеска одржа состанок со висока делегација од хрватска Царина, во чиј фокус беше изготовување на Уредбата за спроведување на новиот Царински закон, за кој, предлог текстот е во финална фаза.


Николовски вели дека искуството во изготовувањето на царинските подзаконски акти на хрватска Царина, како земја членка на ЕУ, е од огромно значење за нашата држава бидејќи истите ќе овозможат царината да делува како катализатор на економијата. Изготвувањето на новата Уредба се спроведува во рамки на Твининг проект на ЕУ „Изработка на регулативи за имплементација на UCC на ЕУ во Македонија” за што преку Европската унија се обезбедени 250 илјади евра.

„Нашата визија е јасна: модерна, дигитализирана и ефикасна царинска администрација, која ја олеснува и поддржува легалната трговија, а истовремено обезбедува силна и професионална заштита на границите. Ова е патот кон европска Царина – Царина што создава услови за економски развој, ја јакне довербата во институциите и е подготвена за идните предизвици”, истакна директорот Николовски.

Од страна на хрватската Царина беше истакнато дека продолжувањето на партнерството е одраз на одличните партнерски односи помеѓу државите кои дополнително се зајакнати со Договорот за стратешка соработка на меѓувладино ниво и Меморандумот за соработка меѓу царинските управи потпишан во септември годинава. Искуството на двете управи во спроведување на твининг проекти како механизам за трансфер на знаење и искуство воедно претставува силна гаранција за ефикасна соработка. 

„Целите на проектот се фокусирани на подобрување на деловните процеси и царинските постапки преку понатамошно усогласување на националното законодавство со законодавството на ЕУ, како и модернизација и развој на царинските информациски системи на РС Македонија”, истакна Жељко Фрањиќ, заменик директор на Царинска управа на Република Хрватска.

На состанокот воедно беше ставен акцент и на оперативната соработка помеѓу двете институции која како што беше истакнато е клучна за сузбивање на транснационалниот криминал и заштита на границите.

Можете да прочитате

Млад жител на тетовско осомничен за компјутерски криминал, злоупотреба на лични податоци и детска порнографија

Забрана за пиење на водата од пет јавни чешми во Општина Гевгелија

Кавадарчанец возел пијан и со забрана, во автомобилот имал и дрога