Утрински Весник
Македонија

Гаши за Даути: До денес не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на комисија

Afrim Gasi Nasa Sobranie 696x534 1.jpg

Како претседател на Собранието, мојата главна одговорност е да го почитувам и спроведувам Деловникот и процедурите на Собранието, вели претседателот на Собранието Африм Гаши за случајот со Илире Даути.

„Во овој контекст, интерпелацијата до претседателот на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, беше спроведена во целосна согласност со Деловникот, законите и Уставот. Важно е да се напомене дека интерпелацијата, по својата природа, не носи правни последици или ефекти. Мојата улога како претседател заврши по завршувањето на процесот на интерпелација, како што се случи во случајот со интерпелацијата поднесена против мене пред неколку месеци“, соопшти Гаши.


Според него, прашањата, како што се разрешувања или оставки се процедури на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, пратеничките групи или пратениците.

„До денес, не сум добил официјално известување за оставка од ниту еден претседател на комисија.

Од процедурална гледна точка, ова прашање е решено. Секое друго толкување освен ова е едноставно политичка реторика за дневна употреба и нема никаква правна основа, во која јас како претседател на Собранието нема да учествувам“, прецизира Гаши.

Можете да прочитате

“Името на фамилијата не смее да се чепне” се огласи Костадинов откако Латас го спомена неговиот починат татко

Познати се името и презимето на девојчето од Македонија кое се удави во Италија

Од 1 јули летен режим на сообраќај за тешки товарни возила