Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец возел пијан и со забрана, во автомобилот имал и дрога

Soobrakjana.jpg

На 14.10.2026 во 23:50 часот на ул.„Цветан Димов” во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода М.Д.(21) од Кавадарци и Љ.С.(23) од Росоман.

При контрола во патничко возило „фолксваген поло” со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое бил и Љ.С., полициските службеници констатирале дека М.Д. го управувал возилото за време на активна забрана и под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,11 промили алкохол во крвта.


Додека, при преглед во возилото била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. Тие биле приведени во полициска станица, возилото било одземено и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива

Му ветувале работа во странство, тетовец измамен за 2000 евра

Над 160 здравствени работници обучени да препознаваат и пријавуваат корупција