Утрински Весник
Свет

Европскиот парламент избра нов потпретседател

Европскиот парламент избра нов потпретседател

Пратениците на Европскиот парламент денеска за потпретседател го избраа Марк Ангел, член на левиот центар, член на Социјалистичката работничка партија од Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Тој ќе ја замени Ева Каили од Грција, која беше сменета од функцијата минатиот месец, откако беше приведена под обвинение за корупција, перење пари и членство во криминална организација.

Главниот осомничен во скандалот „пари за влијание“ склучил договор со обвинителството, со што се отворила можност да се открие кој друг учествувал во корупција, наведува АП.

Корупциски скандал поврзан со Катар и Мароко ја потресе групата S&D, втора по големина во Европскиот парламент.

Каили беше одговорна за Блискиот Исток, но претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола сака да ангажира потпретседател за борба против корупцијата за да го поправи нарушениот имиџ на парламентот.

Се уште не е познато дали Ангел ќе добие вакво портфолио.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела