Утрински Весник
Свет

Дачиќ за резолуцијата на Европскиот парламент: Лицемерно до крајни граници

Дачиќ за резолуцијата на Европскиот парламент: Лицемерно до крајни граници

Резолуцијата на Европскиот парламент, во која, меѓудругото, се наведува дека Белград мора да се усогласи со надворешната политика на Европската унија, е уште еден пример за огромно лицемерие, изјави денеска министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата за Танјуг, Дачиќ посочи дека ЕП ја критикува Србија за непочитување на надворешната политика на ЕУ, а не споменува дека Косово не сака да го спроведе Бриселскиот договор, кој беше потпишан под покровителство на ЕУ.

-Дали Бриселскиот договор и Заедницата на српските општини не се основен елемент на европската надворешна политика? На ист начин се зборува и за територијалниот интегритет на Украина, а се повикуваат да се наруши територијалниот интегритет на Србија – напомена Дачиќ.

Тој вели дека пред да „сподели лекции“ со Србија за непочитување на надворешната политика на ЕУ, ЕП треба да се согласи со основните принципи на меѓународното право за заштита на територијалниот интегритет на сите земји во светот „освен ако не мисли дека Србија нема право на меѓународно право“.

– Со еден збор – лицемерно до крајни граници – заклучи Дачиќ.

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Финци поддржуваат влез во НАТО без Шведска

Столтенберг: Русија да дозволи инспекција на нуклеарни постројки

Германија одобри испраќање постари тенкови во Украина