
Данската полиција вчера почна опсежна истрага против петмина маскирани мажи за кражба на покемон картички во вредност од над 130.000 евра, од продавница северно од Копенхаген.
Според информациите од полицијата, тие со предмет кој наликувал на пиштол му се заканиле на вработен од трговски центар во Лингби, по што ги искршиле излозите.
„Веднаш по грабежот крадците избегаа со автомобил“, се наведува во полицискиот извештај.
Колекционерските покемон картички се дел од серијалот видео игри во кои играчите можат да фаќаат и тренираат фантастични суштества. Тие веќе подолго време се популарни меѓу колекционерите кои се подготвени да одвојат голема сума пари за ретките примероци.


