Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно со повремен дожд

Dozd.jpg

Во утринските и во раните претпладневни часови времето ќе биде променливо облачно. Повремен дожд ќе има претежно во западните и североисточните делови. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени.


Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во наредните денови ќе се задржи променливо облачно време, со постепено опаѓање на температурите. Врнежи од дожд се очекуваат во недела и понеделник, а поради продор на постуден воздух од север, во понеделник попладне на планините дождот ќе преминува во снег.

Од вторник ќе преовладува стабилно и постудено време.

Можете да прочитате

Жена од Турција пронајдена почината во стан во Аеродром

Ристов очекува поскапа струја и парно од 1 јануари

Савески, Тошковски и Велковски договорија како ќе се постапува по секоја пријава за семејно насилство