Утрински Весник
Балкан

Ердоган: Инфлацијата и слабата излезност влијаеа на изборните резултати

Erdogan 1.webp.webp

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган зборуваше по локалните избори во оваа земја и дебаклот што неговата партија го доживеа во речиси сите поголеми центри во Турција. Тој, според турските медиуми, нагласил дека трошоците за живот и инфлацијата влијаеле на изборните резултати.

Ердоган се обратил до Извршниот комитет на АКП и дал јасни инструкции на членовите на партискиот комитет и рекол дека гласачите не излегле во голем број на изборите.

-Тој рече дека во актуелната ситуација удел имаат партискиот штаб, кандидатите и партиската организација. Посебно нагласи дека се што се случило од процесот на селекција на кандидати до спроведување на изборите ќе биде детално оценето, пишува Си-Ен-Ен Турк.

Ердоган посочи дека по враќањето во Турција ќе ги посети сите победнички региони.

-Сега сум зафатен, имам некои патувања. Кога ќе се вратам од Америка и Саудиска Арабија, се надевам дека ќе ги посетам нашите победнички региони, заклучи турскиот претседател.

Можете да прочитате

Потона едрилица по судир со катамаран, тројца загинати

Недостигот на работна сила во Албанија го пополнуваат пензионерите и странските државјани

Европската комисија покренува постапка против Бугарија поради прекумерен дефицит