Утрински Весник
Спорт

Фенербахче останува во елитната турска лига им соопшти Коч на 25.000 навивачи кои ја чекаа одлуката на стадион

D5b9b313 58f0 4d55 A0cf 9726295b2bae 750x394 1.jpg
Ss2

Фудбалски гигант Фенербахче одлучи да не ја напушти турската лига, откако најави дека таа опција е на маса пред раководството по физичкиот напад на неговите играчи по натпреаврот со Трабзонспор на 16 март. Фенербахче како гостин победи во дербиот против Трабзонспор(3:2), по што настана хаос на теренот предизвикан од домашните навивачи. Претседателот на Фенербахче, Али Коч најваи повлекување на клубот од елитното натпреаврување. „На сите одржани состаноци дојдовме до заклучок дека напуштањето на лигата е најмалку посакуваната опција. Причината што таа опција не е добра е што ќе треба да се справиме со истите проблеми во пониските лиги како и досега. Опцијата за напуштање на лигата е тргната од дневниот ред се до одржувањето на Генералното собрание на клубот на крајот на сезоната“, им порача Коч. Ова првиот човек на клубот им го порача на 25.000 навивачи на Фенербахче кои на стадионот ја чекаа одлуката на клубот. Фенербахче по 30 одиграни кола е на второто место на табелата со два бода помалку од водечкиот Галатасарај. Фенербахче последната титула во првенството на Турција ја освои во 2014 година.

Ss1

Можете да прочитате

Реал во судиското продолжение ја кутна Барса која на двапати водеше на „Бернабеу“

Ливерпул преку Фулам се израмни на врвот со Арсенал

Вардар поразен од Воска во дербито на дното