
Според податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ), во однос на пазарот на труд, во Албанија присутен е нов феномен. Сега доминираат активни пензионери, а не млади луѓе. Во третата доба, пензионирањето не ги спречува да продолжат да обезбедуваат дополнителни средства, објавија медиумите.
Во периодот 2019-2025 година, бројот на активни пензионери на пазарот на трудот се зголемил на околу 177 илјади, додека во исто време околу 144 илјади млади до 29 години ја напуштиле земјата.
Некои продолжуваат да работат по сопствен избор, но за поголемиот број од нив причина се ниските пензии. Во моментов, има над 730 илјади пензионери, при што нивниот број секоја година се зголемува за 15 илјади.
-Од друга страна, помладите возрасни групи се намалуваат поради емиграцијата и намалувањето на стапката на наталитет. Ова создава јаз на пазарот на трудот, особено во производствениот, градежниот, туристичкиот и услужниот сектор, каде што бизнисите пријавуваат тешкотии во обезбедувањето персонал, додаваат медиумите.
За да се справат со недостигот на работна сила, албанските бизниси во последниве години сè повеќе ангажираат странски државјани, главно од Азија и земјите во регионот.


