Утрински Весник
Свет

Експлозија на бомба на церемонијата на доделување награди за новинари во Авганистан

Експлозија на бомба на церемонијата на доделување награди за новинари во Авганистан

Најмалку едно лице загина, а пет се повредени во експлозија на бомба за време на церемонијата на доделување награди на новинари во авганистанскиот град Мазар е Шариф, изјави портпаролот на талибанската полиција.

dobivaj vesti na viber

Нападот бил извршен во 11 часот по локално време, кога на церемонијата се собрале новинарите, пренесе АП.

Бомбата експлодира два дена откако гувернерот на провинцијата Дауд Маумал и уште две лица беа убиени во бомбашки напад во Мазар е Шариф. Четири лица се ранети.

Засега не е познат идентитетот на лицето што загина денеска, а меѓу петтемина повредени има и новинари.

До сега никој не презел одговорност за нападот.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран