Утрински Весник
Балкан

Одбележана втората годишнина од смртоносниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

20241101133324 big 730x400 21.webp.webp

Во Нови Сад денеска се одбележува втората годишнина од смртта на 16 лица при падот на настрешницата на реновираната железничка станица, трагедија што предизвика бран антивладини протести против корупцијата, предвремените избори и пад на српската  влада, додека сè уште се чека одговорните да седнат на обвинителната клупа.

Настрешницата се урна на 1 ноември 2024 година во 11 часот и 52 минути, под тежина на бетонот, стаклото и лошо изведените градежни завршни работи, а демонстрантите, предводени од студентите, ги гледаат виновниците во коруптивните владини зделки, злоупотребите и небрежноста.


Под бетонот и стаклото речиси веднаш починаа 14 претежно млади луѓе, а во следните денови и месеци, починаа уште две жртви, додека едно девојче преживеа со трајни последици.

Меѓу загинатите имаше четири деца на возраст од шест, 10, 16 и 17 години.

Под притисок на јавноста, по несреќата следеа апсења, меѓу кои и неколку министри и нивни соработници, но до денеска, и покрај тоа што обвиненијата беа изменети и дополнети, никој сè уште не е изведен пред суд.

Во Нови Сад денеска, симболично, во 11:52 часот, се одржа комеморативен состанок, свикан од студентското движење, а собирите на неколку локации во градот започнаа околу 9:30 часот, од каде граѓаните маршираа во поворки до местото на несреќата и им оддадопа почит на жртвите.

Патријархот на Српската православна црква, Порфирије, служеше на комеморацијата на жртвите во белградската катедрала Свети Сава.

Можете да прочитате

Вучевиќ: Собрание на СНС на 13 декември го предлагам Александар Вучиќ за нов претседател на партијата

(Видео) Редици пред филијалите на Алта Банка- граѓаните брзаат да си ги подигнат парите

Белградски адвокат: Очекувам апсење на Вучиќ