
На 26.10.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица која води кон паркинг простор на бул.„3 Македонска бригадa” во Скопје, патничко возило „фолксваген голф” со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(22) од Гевгелија, удрило во 67-годишниот В.Д. од Скопје.


Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

